10 најпријателски градови за велосипедиво светот за 2022 година

10. Хановер, Германија


10. Хановер, Германија

Германскиот град Хановер се наоѓа во Долна Саксонија и е град на прекрасни паркови.
Големиот број на паркови предизвикува зголемено внимание кај посетителите од кои голем дел се велосипедисти.

9. Бремен, Германија


9. Бремен, Германија

Бремен е уште еден популарен град за љубителите на велосипеди во Германија, со многу рамен терен и велосипедски патеки минуваат низ целата територија на градот, но и го поврзуваат со другите градови во близина.

Бремен е првиот германски град кој е дом на огромна велосипедска зона во областа Нојштад - населба со ограничување на брзината до 30 км на час, каде што велосипедите имаат приоритет и каде што е дозволено возење велосипед еден до друг.

8. Берн, Швајцарија


8. Берн, Швајцарија

Швајцарската престолнина инвестирала многу во квалитетна велосипедска инфраструктура, има особено високи резултати за практикувањето на велосипедизмот и редовно организира денови без автомобили“


Берн има и многу ниска стапка на смртност меѓу велосипедистите.

7. Хангжу, Кина


7. Хангжу, Кина

Еве едно неочекувано појавување во топ 10: кинескиот град Хангжу, единствениот неевропски град во прво рангираните десет градови.

Во Хангжу, 30% од населението се велосипедисти и има подобри резултати од повеќето ривали кога станува збор за возење велосипед.


5. Амстердам, Холандија

Можеби очекувавте дека холандската престолнина ќе биде на врвот на оваа ранг-листа, но поради лошиот безбедносен резултат се најде на петата позиција:

Во Амстердам има повеќе од 1.000 несреќи на 100.000 велосипедисти.
Тоа е речиси пет пати повеќе од неговиот најблизок ривал, Копенхаген.

4. Копенхаген, Данска


4. Копенхаген, Данска

Данската престолнина не само што е побезбедна за велосипедистите, туку е побезбедна и за велосипедите благодарение на ниската стапка на кражба“


Градот инвестира многу во велосипедската инфраструктура, а повеќето жители кои возат велосипед продолжуваат да го прават тоа во текот на долгата и студена данска зима.

3. Антверпен, Белгија


3. Антверпен, Белгија

Белгискиот пристанишен град нема многу специјализирани велосипедски патеки, но силниот систем за споделување велосипеди и настаните од типот Недела Без Автомобили го направија неспорно пријателски настроен кон велосипедистите.

2. Мунстер, Германија


2. Мунстер, Германија

Германскиот град има ниска стапка на смртни случаи од велосипедизам, иако повеќе од 39 отсто од жителите користат велосипеди на дневна основа.
Во Мунстер, редовно се одржуваат настани кои промовираат велосипедизам.

1. Утрехт, Холандија


1. Утрехт, Холандија

На врвот на овогодинешното рангирање е холандскиот град Утрехт. Градот може да се пофали со високи оценки за велосипедската инфраструктура и временските услови, а повеќе од половина од неговото население (51 процент) користи велосипед во секојдневниот живот.

Search