ГТК ЈУНИОРИ
Работна акција на МТБ патеката Курија
ГТК Јуниори презентираа идеи и проекти за Reload 2 програмата на UNDP
ГТК Јуниори презентираа идејни проекти пред претставници на УНДП и општина Гевгелија.
Со свои проекти се представија Александар, Јосиф, Кристијан, Кико и Танче.
Презентацијата на Јосиф беше за Мулти Функционална Инклузивна и Мобилна Училница.
Александар, Кристијан и Кико образложија зошто и каде самите изработија велосипедска планинска (МТБ) патека во должина од 1.6 километри и што им е потребно за во иднина патеката да се легализира и модернизира.
Танче ја презентираше потребата од поставување велосипедски паркинзи во сите населени места почнувајки од Негорци каде што живее и оди на училиште.
Бидејки ГТК Јуниори имаа повеќе проектни идеи од сите други заедно на форумот јуниорите одлучија Лука да не ја образложува припремената презентација за овој форум.
Прва Еко Акција на ГТК Јуниори
ГТК Јуниори на Корифи Докари
Иван Петров во друштво на јуниорите на ГТК, Лука Николоски и Живко Ѓорѓиев (16 години) летото 2023-та се искачија со велосипеди на врвот Корифи Докари во Грција висок 2097 метри.
Координатор за Млади
Лука Николоски
Гевгелија - Врв Флора 1727 метри
надморска висина
Во август 2022-ра отидовме на возбудливо возење со планински велосипеди.
Договорот беше да возиме од Гевгелија која што се наоѓа на 50-на метри надморска висина па се до врвот Флора на нашата планинска убавица Кожув кој што се наоѓа на надморска висина од 1727 метри.
За место на средбата веќе стандардно ја одбравме Mi Casita во с. Серменин која што се наоѓа на 510 метри надморска висина и тргнавме кон врвот Флора. Значи треба од овде до врвот да совладаме 1217 метри и да извозиме околу 20-на километри.