ГЕВГЕЛИЈАВЕЛО ГРАД

Image

Презентација на Проектот Гевгелија Вело град

Image
Image

На 28.12.2022 година во малата сала на Театарот во Гевгелија се оджа презентација на Проектот Гевгелија Вело град. На презентацијата и работилница по овој проект присуствуваа Градоначалникот на Општина Гевгелија Андон Сарамандов, Претседателот на Велосипедската Федерација на Македонија Сашо Димитријовски како и 50-тина претставници на државни институции, јавни претпријатија трговски претпријатија, и заинтересирани граѓани.

Проектот за промоција на велосипедизмот и интересите на велосипедистите има за цел да укаже на одредени состојби како и зголемени потреби со крајна цел создавање на подобри услови за велосипедистите во Општина Гевгелија. На промоцијата се промовираше и Видео спот за подигање на свеста за велосипедизмот, Прирачник за добри практики од областа на велосипедизмот (со добри практики од европски градови, градови од западен балкан како и добри практики од Македонија), а се промовираше и одржување на првиот Гевгелиски Велотлон (спортски настан од натпреварувачки карактер возење велосипед по Off road патека, трчање и совладување на пешадиски препреки) кој треба да се одрѝи кон средината на месец мај 2023 година.

На работилницата присутните можеа да разменат мислења и предлагаат идеи за подобрување на состојбите и инфраструктурните потреби за создавање на подобри услови за велосипедистите во Општина Гевгелија.

„Гевгелија Вело град“ е проект на АМД Дичо Панов Гевгелија за промоција на велосипедизмот и интересите на велосипедистите во Општина Гевгелија. Проектот се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен балкан 2 – ReLOaD2 Regional Programme on Local Democracy in the Western Balkans, која е финансирана од Европската Унија (ЕУ) Delegation of the European Union, Skopje, а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП UNDP MK.

Велотлон Патека - 4750 Метри

Вкупната должина на велотлон патекта на која во текот на месец мај 2023 година треба за прв пат да се одржи Гевгелискиот велотлон е утврдена. Гевгелискиот велотлон по својот карактер ќе биде прв спортски настан кој ќе обединува три дисциплини, возење на велосипед по Off road патека, трчање и совладување на препреки.

Вкупната должина на патеката е 4750 метри, во прва фаза по стартувањето се вози велосипед по Off road патека во должина од 3620 метри, по оставање на велосипедот на точно определено место натпреварот продолжува со кратко трчање од 110 метри по што натпреварувачот доаѓа на почеток на полигонот за совладување препреки. За совладување на препреките се резервирани 160 метри (колку препреки ќе бидат поставени ќе зависи од финансиската конструкција), по совладување на препреките натпреварувачот повторно во втора фаза продолжува со трчање во должина од 480 метри каде доаѓа до местото каде претходно го оставил велосипедот. Натпреварот завршува со второ возење на велосипед во должина од 380 метри.

Надморската височина на стартот на патеката изнесува 86 метри, а висинската  разлика на велотлон патеката е во распон од 45 метри надморска височина.

Патеката за Гевгелискиот велотлон посебно Off road велосипедската патека ќе биде обележана со соодветни знаци поради фактот што се протега по ридски терен со споменатата должина и надморска разлика а поминува низ живописни предели на места со ниска вегетација но и борова шума.

Божиќна Акција

На 08.01.2023 година АМД Дичо Панов и Гевгелија Точак клуб спроведоа божиќна акција за расчистување од вегетација и пробивање на трасата на првата велосипедска Off road патека во месноста Долна Корија што се наоѓа над Негорските минерални бањи.

Во прекрасни временски услови добар амбиент  и мотивираност беа обратотени околу 2 километри од идната вело патека на која кон средината на месец Мај 2023 година ќе се оддржи првиот Гевгелиски Велотлон (комбиниран спортски натпревар возење на велосипед по Off road  велосипедска патека, трчање и совладување на препреки.

Со завршување на овој дел од патеката целосно се истрасира велосипедската патека на која во наредниот период и предстои целосно мапирање, одбележување како и поставување на препреките.

Патеката во иднина граѓаните ќе може да ја користат за рекреативно возење на велосипед, пешачење и трчање.

Проектот Гевгелија Вело град кој го опфаќа и Гевгелискиот Велотлон е проект на АМД Дичо Панов Гевгелија за промоција на велосипедизмот и интересите на велосипедистите во Општина Гевгелија. Проектот се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен балкан 2 – ReLOaD2, која е финансирана од Европската Унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП.

Image
Image
Image
Image
Image
Image

Search