Гевгелија на Точак2020 - 2023ЗанимливостиИсторија
Идејата за Гевгелија на Точак се роди во 2019-та година со започнувањето на првите активности во тогаш ново формираното здружение на граѓани ChangeMakers4All.
CM4ALL беше формирано во 2019-та година а до општина Гевгелија беше пратена проектна документација за одржување на настан со велосипеди во 2020-та година.
Идеата и проектот за Гевгелија на Точак беше на Венци Ристов а првиот настан беше организиран на 7-ми ноември 2020-та во координација со претседателката на CM4ALL Марина Томова и целосна поддршка од членовите на здружението.
Гевгелија на Точак премиерно привлече повеќе од 200 сограѓани-ки од најразлични возрасти.
Гевгелија на Точак 2021-ва година
Во 2021-ва година бројката на учесници беше зголемена за двојно и на градските улици велосипеди возеа повеќе од 400 точкаџии и точкаџијки.
Во организацијата на настанот покрај Венци Ристов и Марина Томова беше вклучен и Никола Опров.
Во 2021-ва година најмлад учесник беше Данче Крколева од Богданци.
Данче на 6-годишна возраст со точак дојде од Богданци заедно со нејзиниот татко и се приклучи на стотиците учесници од Гевгелија и околината.
Траса за возење на ГНТ
Гевгелија на Точак секогаш започнува од пред стариот Извршен Совет на Општина Гевгелија.
Од ова место стартувале велосипедските трки околу Гевгелија пред 50 и кусур години.
Гевгелија на Точак 2022
На 17.04.2022-ра година беше формирано здружението Гевгелија Точак Клуб кое што веднаш беше вклучен како коорганизатор на настанот.
И 2022-ра бројката на учесници беше дуплирана па на гевгелиските улици се вртеа педалите на повеќе од 900 велосипеди.
Балетска група DIVA
Млади, талентирани девојчиња под менторство на познатата гевгеличанка Марија Граматикова учествуваат скоро на сите настани кои што ги организира Гевгелија Точак Клуб.
На Гевгелија на Точак 2023 се представија со 3 кореографии на познати музички хитови.
Најмлад учесник во 2021-ва
Во 2021-ва година најмлад учесник од друга општина беше Данче Крколева од Богданци.
Данче на 6-годишна возраст со точак дојде од Богданци заедно со нејзиниот татко и се приклучи на стотиците учесници од Гевгелија и околината
Фотографи на Гевгелија на Точак
Главни фотографи на настанот се Гоце Тасевски, Димитар Мијов, Димитар Новаков Стефани Брљамова и Венци Ристов.
На Гевгелија на Точак сепак најголем број фотографии и видео стории се снимени од учесниците на настанот.
Најмлад Точкаџија во 2022-ра
Најмлад точкаџија во 2022-ра беше Мартин Тодоров, кој имаше точно 2 години и 4 месеци. Мартин возеше специјален „олд тајмер“ детски велосипед, за кој неговите родители ни кажаа дека е стар повеќе од 50 години.
Точакот е подарок од Битола и на овој точак се учеле да возат многу генерации од поблиска фамилија на Мартин. Иако Мартин има и други точаци,неговата мајка Верица вели дека на Мартин токму овој му е најомилен.
На неделното велосипедско дефиле во Гевгелија, учествуваа и сестрата на Мартин, Ана, заедно со неговиот татко Горан. Мајката Верица не учествуваше бидејќи остана да ги пречека на финишот.
Гевгелија на Точак 2022
Третото дружење и возење со точак по гевгелиските улици помина во заедничка организација и координација со ново формираното здружение на точкаџии во градот "Гевгелија Точак Клуб".
Впечатоците прекрасни, стотици а некои велат и илјада среќни и задоволни учесници.
Гевгелија во саботата на 13-ти ноември изгедаше прекрасно, некои ја споредуваа со Холандија, некои со Шведска а прочитавме и коментар во кој е поставено прашање дали фотографиите и видеата се од некој кинески град ?
- Ви благодариме на сите кои што бевте дел од најмасовното организирано возење точак во историјата на градот.
- Ви благодариме на сите кои што го подржавте настанот институционално, материјално и финансиски.
- Голема благодарност до општина Гевгелија, до вработените во полициската станица кои што својот дел од работата го завршија перфектно а среќни сме бидејки возилото на брза помош кое што не придружуваше од почетокот до крајот потроши само бензин а немаше ниту една интервенција.
Се гледаме и дружиме на „Гевгелија На Точак 2023"
144 километри за да се учествува на Гевгелија на Точак
Најголема километража извозена за да се дојде и учествува на Гевгелија на Точак е од Кавадарци до Гевгелија и назад.
Влатко Андоновски од Кавадарци е голем вљубеник во велосипедизмот, голем пријател на гевгелиските точкаџии и често учествува на заеднички возења со нив претежно на Кожуф планина.