• GTK Baner 1
  • Poli
  • Љуботен
  • GNT1
  • Vodopad_Vera
  • esenska
  • Angela i Gordana
  • Sermeninska
  • Borkica_Ivana
  • Pogled

Вело Клуб ГТК

е рекреативен  велосипедски клуб составен од членови кои се на различна возраст - од најмали до највозрасни.

Вело Клуб ГТК

е целосно волонтерска, непрофитна организација која промовира велосипедизам во пошироката област на јужниот дел на Македонија.

Вело Клуб ГТК

Ние не сме тркачки клуб. Имаме членови од Гевгелија, Богданци, Дојран и населените места во околината.

Вело Клуб ГТК

е создаден од пријателства и заедничка страст за велосипедизмот. Тие страсти се вкоренети во тимска работа, лојалност и несебичност.

Сите Уф Серменин ---22.09.2024

Вонредно Изборно Собрание17.04.2024

Image

 

На 17.04.2024 се одржа Вонредно Изборно Собрание.

Нов претседател на ГТК е Никола Опров

Членови на Извршен Одбор се:

Александра Мешкова
Александар Крајчев
Глигор Џаков
Лука Николоски
Митко Пецанов
Никола Мичев

Гевгелија Точак Клуб17.04.2022 17.04.2024 Изјава на претседателот Венци Ристов

Image

Се си има свој почеток 17.04.2022 но и крај 17.04.2024

На 17-ти април 2022-ра кога го основавме „Гевгелија Точак Клуб" нагласив дека ќе бидам претседател 1 година, и во тие 365 дена ќе работам да ги поставиме основите на здружението да функционира на долги стази.

Како што ветив закажав Вонредно Изборно Собрание точно на годишнината 17.04.2023 но немаше пријавени за претседателската функција. По неколку месеци Никола Опров одлучи да се пријави но во меѓувреме се појавија повеќе активности кои што мораше да ги завршам па се договоривме собранието да го одржиме точно на две годишнината од основањето на ГТК.

- Во ГТК се зачленија 120 лица од Гевгелија, Македонија и странство.
- Во изминатите 2 години во здружението бевме многу активни ----- повеќе од 220 активности кои што се уредно заведени во дигитален но и во хартиен формат.
- Организиравме голем настан во с. Серменин на кој што ни се приклучија близу 200 љубители на планинскиот велосипедизам но бидејки настанот беше од отворен тип бројот на посетители според кажувањата на староседелците беше рекорден, никогаш во историјата на Серменин немало толку народ.
- Бевме ко-организатори на првиот Гевгелиски Велотлон заедно со нашите пријатели од АМД Гевгелија кој што се одржа на специјално за овој настан направена и врвно припремена МТБ патека во месноста Курија.
- Бевме ко-организатори заедно со колегите и колешките од ChangeMakers4All на веќе традиционалното масовно возење низ градските улици Гевгелија на Точак на кое што според проценките имаше околу 1.500 велосипедисти-ки на точак.
- Организиравме масовно возење точак за светскиот ден на велосипедизмот 3-ти јуни.
- Организиравме „Прва Точачка Вечер" во дискотеката „De Facto".
- Преку фондацијата „Флорит" и „Рурален Развој" добивме грант од USAID во вредност од 5.000 долари за реновирање на клубски простории.
- Преку „SAIDC" и амбасадата на република Словачка добивме грант во вредност од 4500 евра за поставување на најголемиот билборди во Гевгелија и пошироко = 170 квадратни метри.
- Пријателите од „АМД Гевгелија" на основа на проекти и заедничка соработка ни доделија 60.000 денари и деновиве реновираа комплетно запуштена соба во клубските простории.
- Општина Гевгелија и градоначалникот Сарамандов за разни активности ни доделија 150.000 денари од кои 50.000 денари не се искористени.
- Одлична соработка имавме со сите училишта во општина Гевгелија, многу здруженија на граѓани, ЈПКД Комуналец, Шумско Стопанство подружница Гевгелија и многу други.
- Имавме финансиска и материјална помош од многу приватни претпријатија во градот и околината и сите до едно се истакнати на web страницата.
- Индивидуално најголем успех оствари координаторот за екстремен велосипедизам Ѓорѓе Ризов кој со точак го освои највисокиот врв на африканскиот континент.
- На првиот Гевгелиски Велотлон нашите членови Даниел Анчев, Мите Досков и Влатко Семенаков ги освоија првите 3 места.
- На државниот триатлон кој се одржа во Дојран на победничкиот пиестал се најде и нашиот Коста Гелебешев.
- Членовите на ГТК со точак ги искачија највисоките врвови во Македонија и учествуваа на десетици возења низ македонските планини во организирани настани од асоцијацијата на македонските вело здруженија.
- Снимивме повеќе видеа од наши активности но и неколку промотивни песни за настани кои што ги организиравме.
- Учествувавме на обука за сертифицирани Вело Водичи кои што успешно ја завршија 15-на членови на ГТК
- Започнавме повеќе активности, напишавме десетина проекти кои што ќе треба да се реализираат до крајот на ова година а активно ќе бидам вклучен и ќе организирам само 2 за кои што веќе ги започнавме активностите „Сите уф Серменин (3 ти викенд во септември) и „Гевгелија на Точак (17-ти ноември)
- За 2 години и по илјадници потрошени часови успеавме да поставиме добри основи за ширење на интересот за велосипедизам во Гевгелија и поширокиот регион.

„Со велосипед по Македонските Степи“На гости кај Атиџе

Втора година по ред учествувавме на велосипедската тура „ Со велосипед по Македонските Степи“ #BikeHoneyland2024 која се одржа по шести пат и е со должина од 70-на километри и елевација од околу 985 метри..

Возевме малку низ шума а поголем дел од патеката низ житни полиња и каменести предели кои се претежно ненаселени..

Ѓи посетивме напуштените села од Велешко и Овчеполието.,Караслари, Кочилари, Ногаевци, Убого, Кишино, Каратманово.

Го посетивме селото Бекирлија и бевме гости на Атиџе главната звезда од „Медена Земја“ ( Honeyland), се подруживме малку и честитавме за номинацијата за најдобар интернационален филм и за најдобар документарен филм.

Атиџе и ова година не нагости со нејзиниот мед, некои пробаа на самото место, а некои си понесоа дома да споделат со своите најблиски.

ГТК Јуниори презентираа идеи и проекти за Reload 2 програмата на UNDP

ГТК Јуниори презентираа идејни проекти пред претставници на УНДП и општина Гевгелија.

Со свои проекти се представија Александар,  Јосиф, Кристијан, Кико и Танче.

Презентацијата на Јосиф беше за Мулти Функционална Инклузивна и Мобилна Училница.

Александар, Кристијан и Кико образложија зошто и каде самите изработија велосипедска планинска (МТБ) патека во должина од 1.6 километри и што им е потребно за во иднина патеката да се легализира и модернизира.

Танче ја презентираше потребата од поставување велосипедски паркинзи во сите населени места почнувајки од Негорци каде што живее и оди на училиште.

Бидејки ГТК Јуниори имаа повеќе проектни идеи од сите други заедно на форумот јуниорите одлучија Лука да не ја образложува припремената презентација за овој форум.

This image for Image Layouts addon

Гевгелиски Велотлон 2024

Внимание, љубители на велосипедизмот! 

АМД Гевгелија со задоволство ве известува дека регистрацијата за вториот велотлон во историјата на Гевгтелија ќе се одржи на 12ти мај 2024, сега е официјално отворена!

Бројот на места е ограничен на само 150 учесници, па препораката е да не чекате долго.

Котизацијата за учество e 600 денари, што вклучува учество во натпреварот, маичка, оброк, а за најбрзите медали и награди. Не пропуштајте ја шансата да бидете дел од ова незаборавно искуство кое го спојува спортскиот дух со неверојатната природа!

Бидете дел од оваа неверојатна авантура и покажете ја вашата страст кон велосипедизмот.
За повеќе информации и за регистрација, посетете ја веб-страницата на АМД Гевгелија или контактирајте преку социјалните медиуми.
Не чекајте до последен момент, местата се пополнуваат брзо!

Договорена соработка помеѓу ГТК и Вело Клуб од Нови Сад

Од 11 до 15-ти март на гости ни беа Небојша и Теодора.

Небојша е генерален секретар на велосипедската федерација на Војводина а Теодора е трикратен првак во велосипедски дисциплини во република Србија.
Пет дневниот престој го искористија за тренинзи пред меѓународниот МТБ натпревар кој утре се оддржува во Грција.
Во овие 5 дена имавме многу средби, разменивме многу искуства и договоривме соработка со Вело клуб од Нови Сад и Вело федерацијата на Војводина во наредниот период.

Една од темите за која што многу разговаравме беше во врска со Вело туризам и потенцијалите на Гевгелија.

Бидејки Небојша се занимава и со Вело или Цикло туризам по увидот на постоечките терени, патеки, места за сместување итн. сношти пред да се разделиме ни рече дека она што ние во Гевгелија го имаме како Вело потенцијал е огромен и ни даде повеќе совети и идеи како забрзано да чекориме кон зацртаната цел - Гевгелија Вело Град.

Додека Теодора која во овие 5 дена тренинзи помина голема километража на локалните друмски и планински патишта едноставно рече дека кога господ давал терени за велосипедски аматерски или професионален спорт ги дал тука како ретко на кое друго место.

П.С. Дали ќе дојдат повторно и тоа во поголем број заклучете сами.

Возиме со амбасадорот Хенрик Маркуш

Неговата екселенција амбасадорот на република Словачка г-н Хенрик Маркуш, вработени во амбасадата и членови на Гевгелија Точак Клуб за првпат заедно возеа по патиштата на ветерниот парк кој се наоѓа над Богданци.

This image for Image Layouts addon

Календар со МТБ Настани

Во календарот на МААВЗК за 2024-та година се пријавени најголем број МТБ настани досега.

МТБ Настани има скоро секој викенд насекаде низ Македонија.

Гевгелија Точак Клуб пријави 2 настана на Кожуф:

18/19-ти Maj - „МТБ Кожуф

22-ри Септември - „Сите уф Серменин кој што го организираме по втор пат.

This image for Image Layouts addon

“GevgelijaVeloGuide” - ГВГ Иницијатива

Иницијативата “GevgelijaVeloGuide”е започната од здружението „Гевгелија Точак Клуб“ од Гевгелија и е наменета за различни категории на сместувачки објекти/ресторани/сервисни станици/атракции кои се “Bike Friendly” и кои сакаат својата услуга што повеќе да ја прилагодат на потребите на вело туристите.

Во зависност, како од видот на сместувачки објекти/ресторани/сервисни станици/атракции и нивната големина, GevgelijaVeloGuide им дава можности на сите заинтересирани да се приклучат на иницијативата и да создадат поповолни услови во регионот за развој на овој специфичен сегмент од туристичката понуда, а воедно да ги промовираат своите услуги и да остварат финансиска добивка.

Кликни за повеќе
Ана Марија и Павлинка

Ана Марија Танова и Павлинка Карајанова

Павлинка Карајанова и Ана Марија Танова уживаат често да возат велосипед заедно и кои не само што внимаваат на својот изглед туку се грижат и за изгледот на ова корисно превозно средство, кое не троши пари за гориво. За Ана Марија е интересно тоа што наоѓа време за возење велосипед и покрај тоа што има три дечиња, а малку слободно време. Kога ги сретнав возеа паралелно, такво излезе и нашето интервју за весникот „Вечер“. Едно прашање - два одговора.

Прочитај Повеќе

Субвенции за набавка на велосипеди и во 2024

Советот на општина Гевгелија го усвои амандманот на Буџетот на општина Гевгелија за 2024 година со кој се предвидува субвенционирање на граѓаните на општината за набавка на велосипеди.

Субвенционирањето ќе биде во вредност од 5.000 денари и ќе се однесува на првите 100-тина граѓани кои ќе аплицираат на повикот за субвенционирање за набавка на велосипед.

This image for Image Layouts addon

Кире Арнаудов - 62 години

Во последните 3 години професорот по физичко воспитание во гевгелиската гимназија Јосиф Јосифовски во летните месеци почна да вози далечини поголеми од 100 километри на ден.


Рекодно возење му е 209 километри а има и 6 возења помеѓу 150 и 196 километри.


Новиот предизвик му е за 24 часа на точак од Гевгелија до Скопје и назад - не е лошо за човек кој што ја троши 62 година од својот живот.

Собрание на МААВЗК

 

На 24.01.2024 година се одржа годишното Собрание на Македонската Асоцијација на Аматерски Велосипедски здруженија и клубови МААВЗК во која партиципираат 16 велосипедски здруженија и клубови од цела Македонија.

Членови на асоцијацијата се клубовите: Veles Biking, Antigonea Biking, Macedonian Bike Riders, ВК Актив - BC Active, ВелоЧе, ГТК - Гевгелија Точак Клуб, Gv MTB club, ЗСК Југоисток, @Крали Марко Маркови Точакџии, K3 Bike Hike and Camping, MTB Илинден, МТБ Штип, Rupicapra, MTB Adventure team и Тиквешки Точакџии.

Претседател на МААВЗК е Зоран Јаневски од Veles Biking.

Форумски Сесии за Најприоритетни Проекти во Општина Гевгелија

Во месец јануар учествувавме на форум кој што беше организиран од амбасадата на република Швајцарија и општина Гевгелија во кој што доделуваат 50.000 американски долари за проекти од општ интерес.

На 4 форумски сесии од ГТК беа присутни 17 членови и со тоа бевме убедливо најзастапени. Наши членови понудија идејни решенија за проекти со кои што би се подобрила велосипедската инфраструктура во Гевгелија и комплетно уредување на МТБ патеката Курија.

На последната 4-та форумска сесија се гласаше за најдобриот предлог проект и ние го освоивме второто место со 3 поени помалку од прво пласираниот предлог проект.

This image for Image Layouts addon

Коледе 2024

 

Втора година по ред членовите на Гевгелија Точак Клуб во друштво на пријатели и пријателки се дружеа за Коледе на ранчот на Илија Поп Илиев.

Лани бевме 26 а 2024-та повеќе од 60.

Исто како и мината година започнавме во 18 часот а најиздржливите дружеа до 4 и кусур сабајлето.
Дискусии милион, идеи милион за некои работи се сложувавме за други помалку, за некои идеи воопшто не, но тркалото за подобра гевгелиска велосипедска иднина забрзано се врти.

Благодарност до сите кои што ни се приклучија и до сите кои што ни помогнаа во реализацијата - амбасадор на Република Словачка неговата екселенција г-н Хенрик Маркуш, Кевин - вработен во амбасдата на Словачка, Слаѓана Стаменковска - советник во општина Гевгелија, Трајче Арџанлиев вработен во општина Гевгелија, Ристо Ѓорѓиев Калам - стопанственик, Бејби Франкфурт - Работна Рака, Љубчо Алексовски и Ѓорѓе Џундев - ТВ Нова 12.

За специјалитетите се погрижија од рестораните Бакарди и Крим.

Видео Клип

Најголем Билборд во Гевгелија130 квадратни метри

 

 

Пред нова година го поставивме најголемиот билборд во историјата на Гевгелија - точно 130 метри квадратни.


По нова година следи нов билборд од 40 квадратни метри ?


Проектот е финансиран од Амбасадата на Република Словачка.

TIF Helexpo 2023

TIF Helexpo 2023

Заедно со младите претприемачи и претставници од здруженија, Apitoxin - Gevgelija, Апи-тераписки центар Ристо Алчинов - Гевгелија, Балески Горан, корисници на поддршка од распишаниот конкурс во рамки на IDEAS проектот, како и со проектниот тим на ФЛОРИТ, го посетивме саемот Philoxenia 2023. Можност за средби со поранешни и идни соработници од поширокиот регион. Следната година со можност за сопствена презентација на туристичките потенцијали од Гевгелија и регионот.

Обука за Вело Водичи

Дали може Гевгелија и регионот да прерасне во пријателска туристичка дестинација за вело - туристи?
Зошто Кожуф е најпривлечната планина за „маунт-бајкери“?
Дали и како обучен вело-водич може да си обезбеди дополнителни приходи и под кои услови тоа може да го направи?
Што е вело-водич?
Зошто единствената велосипедска патека во градот не е целосно завршена и како истата да биде направена според стандарди и безбедна за велосипедистите? Дали постојат услови во Гевгелија за обележување на велосипедска лента или изградба на велосипедска патека по стандарди?
Дали и колку вело-туризмот е популарен и какви услуги можеме да им понудиме на туристите?


Ова беа дел од прашањата кои ги поставија членовите на „Гевгелија точак клуб“на првата обука за вело – водичи, која беше реализирана во рамки на проектот „ИДЕАС“ кој што го имплементира Фондацијата за локален развој и развој на информатички технологии од Гевгелија.

Гевгелија на Точак 2023

Гевгелија на Точак 2023

Четвртото дружење и возење со точак по гевгелиските улици повторно беше во заедничка организација и координација на "ChangeMakers4All" и "Гевгелија Точак Клуб".

Впечатоците повторно прекрасни, рекордно присуство а претпоставките се дека точак возеа помеѓу 1300 и 1600 точкаџии-јки од градот и околината.

Фото Галерија
This image for Image Layouts addon

Меморандум за соработка

Rural Development Network of North Macedonia
·
Потпишан нов меморандум за соработка за отпочнување на локална акција на заедницата во Гевгелија која се наоѓа на територијата на ЛАГ Бојмија / LAG Bojmija. ✅


Акцијата предвидува адаптирање на постоечки објект доделен на ГТК - Гевгелија Точак Клуб во простор за промоција на здрави животни навики, спорт и рекреација. Овој современ простор ќе биде новото место во општината за организирање едукативни и рекреативни средби на млади, работилници и настани за промовирање на велосипедизмот, физичката активност и подигнување на еколошката свест.

 

Оваа акција е поддржана од ГТК - Гевгелија Точак Клуб, Општина Гевгелија, Армор Обезбедување, АРХ Гоцков и Програмата на USAID North Macedonia за развој на заедницата.

Зоран Периќ, Иван Петров и 14 годишниот Живко Ѓорѓиев со велосипеди на 2.600 метри високиот Пелистер.23.11.2023

Image
Image

Водопади Скра - Грција

 

Годишно неколку пати членовите на ГТК возат до прекрасните водопади и езеро на Скра во република Грција.

Возењето точак до Скра и назад до Гевгелија е околу 90 километри од кои една делница од патот е исклучително тешка поради големата угорница пред да се дојде до водопадите.

На 15-ти октомври 2023-та извозени беа 91.16 километри за 5 часа и 52 минути со просечна брзина 15.5 км на час а елевацијата изнесуваше 1.590 метри.

 

 

Ден на народното востание 11-ти октомври

Денот на народното востание 11-то октомври го обележавме со 2 невообичаени акции досега за Гевгелија Точак Клуб.

Во првата акција учествуваа јуниорите на ГТК кои што во соработка со НУ Музеј Гевгелија и ЈП Комуналец и со нивни пријатели ја организираа првата јуниорска еко акција на најпознатиот гевгелиски археолошки локалитет - Вардарски Рид.

gtk juniori var

Во втората акција членови на ГТК со велосипеди се искачија на Кораб - надморска височина од 2761 метар. 11-ти октомври е голем празник за македонскиот народ, исто така и празничните активности на нашите членови беа големи и несекојдневни.

korab

Следна голема акција на 11-ти ноември - Гевгелија На Точак

Сите Уф Серменин


Сите Уф Серменин 2023

Во недела, 24 септември oрганизиравме мултимедијален, забавен и спортски настан во кој што ни се придружија 170 велосипедисти од повеќе градови во Македонија.

Ни се приклучија од основните училишта: Владо Кантарџиев, Крсте Мисирков и Ристо Шуклев.

Ни се придружија од Дневен Центар, Порака, Мобилност, фондациите Аполонија, Ице Бегов итн.

Ни се придружија, екологисти Changemakers4All, ни се придружија планинари од Кожуф и Двете Уши, ни се придружија моторџиите од Ретки Птици, Ретки Птици ГББ и Ноќни Волци, ни се придружија шахисти од 7 Ноември но и атлетичари од АК 7 Ноември, членови на пинг понг клуб во формирање Гевдион првите мечеви ги одиграа овде, танчерската група за модерен балет Дива не дружеше цел ден, ни се приклучија Royal Rangers итн.

Не дружеа повеќе од 1.000 посетители кои специјално дојдоа за настанот „Сите Уф Серменин" и навистина сите беа уф Серменин.
Во селото никогаш порано немало толку луѓе, расположени лица на сите страни и сите си ја терат својата шема.

Фото Галерија „Сите Уф Серменин 2023"
Килиманџаро

На врвот на Африка со точак
Врв Ухуру 5895 МНВ

Додека ги вршевме последните припреми за мултимедијалниот, забавен и спортски настан  „Сите Уф Серменин" координаторот за екстремен велосипедизам при Гевгелија Точак Клуб тргна за Африка да го освои највисокиот врв Килиманџаро со велосипед.

Ѓорѓе Ризов не само што тргна со неговиот точак туку денес во 8 часот и 30 минути по афричко време се искачи на највисоката точка во африканскиот континент.

Килиманџаро досега го имат освоено многу планинари во светот НО многу малку велосипедисти меѓу кои само три македонци.

Честитки за несекојдневниот подвиг на нашиот Џоле за големиот успех со искачувањето / возењето до небесните висини на Килиманџаро.

Видео Клип - Downhill

Пинг Понг турнир „Гевгелија 2023"

Првиот викенд во септември традиционално се одржа хуманитарниот турнир во Пинг Понг - Гевгелија 2023, во организација на Црвен крст Гевгелија, Клубот на млади и надворешни соработници.

Во дводневната хумана приказна беа одиграни вкупно 78 пинг-понг натпревари а Гевгелија Точак Клуб ја претствавуваа Венци Ристов и Перо Туртуров кои зедоа учество во категоријата Парови.

Собраните средства од турнирот ќе бидат наменети за помош и поддршка на наши сограѓани во социјален ризик.

This image for Image Layouts addon

Нов Спонзор
Перутнина Птуј - Словенија

Реномираната компанија Перутнина од Птуј, република Словенија не изненади со прекрасен подарок - професионални велосипедски дресови во вредност поголема од 1.500 евра.

Наша обврска е да продолжиме по патеките кои што ги поставивме од основањето пред 15-на месеци.

Перутнина Птуј

Проект на USAID„Здружи се со Заедницата“

Претставници на Гевгелија Точак Клуб учествуваа во настанот за промоција на Проектот на УСАИД „Здружи се со Заедницата“.

 Проектот е имплементиран од ЗГ Конект во партнерство со фондацијата Аполонија и ЕВН.

Светски Ден на ВелосипедизмотВидео - Фото

Интервју на претседателот на ГТК за „Гевгелиски Магазин"

Image
Image
This image for Image Layouts addon

Сакам Промаја 2023

Членови на ГТК беа учесници на јубилејниот 10-ти фестивал за спортови во природа “САКАМ ПРОМАЈА” 2023 во организација на спортскиот клуб "Клисура" од Демир Капија.

Фестивалот традиционално се одржа во третиот викенд во месец мај а учествуваа од извидници, качувачи на карпи, планинари, велосипедисти, спелеолози, еко-активисти, љубители на кампинг, почитувачи на природата и добрата дружба итн.

П.С. ГТК учесници на Копришки Водопад

Меморандум за соработкаГевгелија Точак Клуб - Ретки Птици ГББ

СИТЕ УФ СЕРМЕНИНДругарска

„Gevgelija Cycling 4 All“ грант од Република Словачка

Потпишан договор во амбасадата на Република Словачка во Скопје за доделување на мал грант на Гевгелија Точак Клуб.
Грантот е одобрен од Словачката агенција за меѓународна развојна соработка (SAIDC), која е буџетска организација на Министерството за надворешни и европски работи на Република Словачка.

Прочитај повеќе на ТВ Нова 12
This image for Image Layouts addon

Првите 3 места за ГТК на Гевгелиски Велотлон 2023

Недела 7- ми Мај, 2023, по прв пат на „офф роуд“ патеката во должина од 4,750 метри, специјално изградена во месноста Курија, крај Негорските Бањи се одржа Гевгелискиот Велотлон 2023.

Првото место го освои Даниел Анчев, втор беше Мите Досков, додека третото место му припадна на Влатко Семенаков. За првите тројца беа обезбедени и парични награди, во износ од 15, 10 и 5 илјади денари.

Организатор на оваа интересна трка е АМД Дичо Панов Гевгелија, во соработка со Гевгелија Точак клуб и Општина Гевгелија.

Видео Клип by Ѓорѓе Ризов

ГТК - Точкаџиска Химна

Гевгелија Вело Град

This image for Image Layouts addon

1 година ГТК
Прва Точкаџиска Вечер

Една година Гевгелија Точак Клуб ја прославивме во дискотеката De Facto заедно со стотици наши пријатели од Гевгелија, Богданци, Велес, Демир Капија, Кавадарци, Неготино, Скопје, Струмица итн.

Вечерта да биде поинтересна доделивме многу награди од многубројните спонзори на настанот

Фото Галерија

Гн Хенрик Маркус
Амбасадор на Словачка

Неговата екселенција, амбасадорот на Република Словачка господин Хенрик Маркус е најпознатиот точкаџија помеѓу амбасадорите кои се на служба во Република Македонија.

Господин Хенрик Маркус е почесен член на Гевгелија Точак Клуб и кога има време знае да не изненади со повик да дружиме а најомилено место за возење му се стотиците километри патишта со преубави пејсажи на нашата планинска убавица Кожуф.

Прочитај повеќе
This image for Image Layouts addon

Првомајски трки Стојаково 2023

Првомајски трки Стојаково 2023

Даниел Анчев член на Гевгелија Точак Клуб е победник на велосипедската трка 2023-та година која се оддржа во рамките на традиционалната празнично-спортска манифестација во организација на месната заедница Стојаково под покровителство на општина Богданци.

Видео клип
This image for Image Layouts addon

Николчо Ѓорѓиев - Ултрамаратонец

Се собравме да се запознаеме и да го дружиме Николчо Ѓорѓиев момчето кое што дојде од Швајцарија за трет пат да ја вози со точак и трча рутата од 190 километри во чест на поранешната фудбалска легенда Благоја Истатов.

Николчо стартуваше од Струмица па преку Радовиш, Демир Капија, Гевгелија стигна до крајната дестинација мотелот Истатов во Нов Дојран.

Воедно ова беше одличен повод за запознавање со членови на велосипедскиот клуб ВК Актив од Струмица.

П.С. Точак Конектинг Пипл 

This image for Image Layouts addon

Коледе 2023

Гевгелија Точак Клуб и Коледе ?

Незнаeмe дали на коледарската вечер бевме најбројни но знаеме дека бевме најрасположени ?
Стартувавме во 6 вечерта а последните од 26-те присутни точкаџии-јки си отидоа во 4 и кусур сабајле.

Часови и часови расположени лица дискусии секакви но ниту еден збор за политика ?

Фото Галерија


Ѓорѓе Ризов

 

Еден од гевгеличаните кои што имаат вишок адреналин е Ѓорѓе Ризов.

Во видеото го гледаме од највисоката точка во поранешна Југославија Титов Врв и од врвот Љуботен до падините на Шар Планина. 

Ѓорѓе Ризов е координатор за екстремен велосипедизам во ГТК.
Видео Галерија
Петар Арџанлиев Гевгелија


Со точак по гевгелиските улици

Гевгелија гледана од сателит изгледа интересно но уште поинтересно изгледа кога скоро сите улици кои постојат во градот ќе се поминат со велосипед а тоа ќе биде забележано на една од најдобрите апликации за возење која масовно се користи во светот -- СТРАВА.

Петар Арџанлиев си зададе предизвик да ги помине сите улици во градот најбрзо што може и резултатите се интересни.

За 1 час и 44 минути поминал 40.31 километри, најголема постигната брзина е 57.1 км на час а просечна брзина на возење е 23.2 км на час а притоа успеал да согори 1414 калории.

This image for Image Layouts addon

Гевгелија на Точак 2022

Tретото дружење и возење со точак по гевгелиските улици беше во заедничка организација и координација на ChangeMakers4All и ново формираното здружение на точкаџии во градот "Гевгелија Точак Клуб".

Впечатоците прекрасни, стотици а некои велат и илјада среќни и задоволни учесници.

Гевгелија во саботата на 13-ти ноември 2022-ра изгедаше прекрасно, некои ја споредуваа со Холандија, некои со Шведска а прочитавме и коментар во кој е поставено прашање дали фотографиите и видеата се од некој кинески град ?

Видео сторија by Дејан Малзарков
This image for Image Layouts addon


Зоран Периќ

Зоран Периќ, кој е роден во Гевгелија, а живее во Богданци и кој наместо да седи дома и да жали за својата судбина, работи како фризер и е член на велосипедискиот клуб „Гевгелија Точак Клуб“.  Зоран не е роден со оштетен слух. Го загубил слухот на своја деветмесечна возраст поради висока температура и воспаление на ушите. За себе вели дека е среќен човек и дека планинарскиот велосипедизам е спој на двете негови најголеми пасии

Веб Сторија во весникот Вечер

МТБ Двете Уши - Круша - Серменин

Титов Врв на Точак by Ѓорѓе Ризов

250 Километри во 1 денВладо СтоилковИван СтојменовКаме ЉуповМакедонија - Бугарија - Грција

Image
Image

Вело Акција

Велосипедисти Велосипедисти Велосипедисти Велосипедисти Велосипедисти Велосипедисти Велосипедисти Велосипедисти Велосипедисти Велосипедисти Велосипедисти

Search